Кејн без трофеј на дебито за Баерн

Фудбалерите на Лајпциг го освоија синоќа Суперкупот на Германија, откако во Минхен го совладаа Баерн со 3-0.

Стрелец на сите три голови беше Дани Олмо во 3., 44 и 68 минута.

За Лајпциг ова е втора Суперкуп титула во клупската историја.

Во редовите на Баерн во второто полувреме дебитираше капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, кој неколку часови претходно го комплетираше трансферот од Тотенхем.

Back to top button
Close