Кедев: Граѓаните имаат две можности – да ги поддржат нестручните политики во здравството или да поддржат обнова спроведена од стручни кадри

Почитувани граѓани,
Пандемијата со Ковид-19 ги исфрли на површина неконзистентните и конфузни здравствени политики. Несоодветните и популистички економски мерки, базирани на неодржлива презадолженост на државата. Како и многуте слабости во функционирањето на правната држава и институциите на системот.
Имајќи ја во предвид непредвидливата иднина од здравствен и од економски аспект со која што ќе се соочиме во претстојните месец, а можеби и подолго, на 15 јули граѓаните ќе имаат воглавно две можности.
Да ја поддржат сегашната тотална конфузија во здравството, несоодветните и нестручни економски политики и се разбира неодржливата презадолженост на државата.
Или да гласаат за обнова на Македонија. Обнова спроведена од докажани стручни, компетентни и професионални кадри.
Сашко Кедев, член на ВМРО-ДПМНЕ