Келог: Договорот за прекин на војната во Украина е блиску

Специјалниот претставник на САД за Украина, Кит Келог, изјави дека договорот за запирање на војната во Украина е навистина блиску, но дека финализацијата зависи од решавањето на две клучни нерешени точки идниот статус на регионот Донбас и нуклеарната централа Запорожје.
Келог, кој во јануари ја напушта функцијата, посочи дека напорите за мир се во „последните 10 метри“, кои, како што потенцира, секогаш се најтешки. Тој нагласи дека двете отворени прашања се однесуваат на територијалниот статус на Донбас и иднината на нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, која моментално е под руска контрола.
„Ако ги решиме овие две прашања, мислам дека и останатите работи ќе бидат решени доста добро“, рече Келог.
Според првичните американски предлози, централата Запорожје би се рестартирала под надзор на МААЕ, а произведената електрична енергија би се делела подеднакво меѓу Русија и Украина.
Извор: nezavisen.mk






