Кемал Киличдароглу пак победи во Македонија

И во вториот круг од турските претседателски избори на гласањето во македонија победи кандидатот на здружената опозиција Кемал Киличдароглу. Според податоците на изборната комисија во Македонија гласале 1.686 гласачи, турски државјани, меѓу кои има и жители на Македонија, но повеќето се студенти и работници од Турција. На Киличдароглу поддршката му ја дале 54,63, а на Реџеп Таип Ердоган 45,38 отсто.

И покрај тоа на улиците во Скопје вечерва излегоа повеќе припадници на турското малцинство со автомобили да ја прослават победата на актуелниот претседател.

Киличдароглу победи речиси во сите земји во регионот: Србија, Косово, Албанија, Бугарија, Грција. Ердоган единствено победи во Босна и Херцеговина, што може да изгледа прилично неочекувано поради тоа што турскиот претседател има многу приврзаници во регионот кои се поистоветуваат со неговата политика.

Во земјите каде што има голема турска дијаспора – Германија, Франција, Холандија и Белгија – Ердоган победи со голема разлика.

Но, според земји каде што гласаше турската дијаспора поголема поддршка доби Кемал Киличародгли. Тој победи во над 40 држави, додека Ердоган во околу 30

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close