Кенија: Демонстранти запалиле полициска станица заради убиство на продавач

Демонстрантите во Кенија запалија полициска станица, откако полицаец, наводно, убил човек кој продавал фалсификувани средства за дезинфекција за раце, јавија британските медиуми, повикувајќи се на полициски извештај.

Според извештајот, полицискиот службеник во моментот е во притвор.

Тој пукал по вербалната расправија со човекот кој продавал фалсификувани производи на пазар во западниот дел на Кенија, се додава во полицискиот извештај.

По пукањето, демонстрантите веднаш се упатиле кон полициската станица, фрлајќи камења врз неа и палејќи ја. Во инцидентот се оштетени станицата и околните возила, а повредени се и 14 полицајци.

Back to top button
Close