Кери Лам: Опозицијата да не го стигматизира новиот закон за национална безбедност

Таа посочи дека Хонг Конг е дел од Народна Република Кина, но дека не постојат механизми за заштита на националната безбедност, потенцирајќи дека „тоа не е ризик само за над седум милиони луѓе во Хонг Конг, туку и за 1,4 милијарди луѓе во целата земја“.

Аналитичарите сметаат дека законот е напад врз принципот „една земја, два система“, во кој Кина му вети на Хонг Конг висок степен на автономија и слобода.

Во мај кинескиот Парламент го одобри усвојувањето на законот за национална безбедност во Хонг Конг, кој има за цел да ги потисне терористичките и странските интервенции во градот по неколкумесечните антивладини протести минатата година.

Антивладините протести во Хонг Конг престанаа за време на коронавирусот, но се одржаа повторно во последните неколку недели, иако мерките за физичко растојание се уште се на сила.

Лидерката на Хонг Конг рече дека мерките постепено ќе се олеснуваат, а од четврток нема да бидат на сила оние со кои се забранува собирање на повеќе од осум лица, како и ограничениот капацитет на луѓето во рестораните.

Back to top button
Close