Кери Лам тврди дека новиот закон за Хонг Конг „не е толку црн“

–  Премиерката на Хонг Конг, Кери Лам, изјави денеска дека новиот закон за национална безбедност ќе придонесе за стабилност и доверба по неколкумесечни протести.

Законот „не е толку црн за Хонг Конг како што изгледа“, рече Лам на прес-конференција.

Таа додаде дека со текот на времето „ќе расте довербата“ во законот.

Критичарите велат дека законот за безбедност е напад врз принципот „една земја, два система“, во кој Кина му вети на Хонг Конг висок степен на автономија и слобода.

Back to top button
Close