Кевин Спејси обвинет за уште седум нови сексуални напади во Велика Британија

Актерот Кевин Спејси повторно e обиненeт за сексуални напади, покрај петте со кои веќе се соочи.

Обвинителството во Велика Британија ќе го гони шеесет и тригодишниот оскаровец за серија сексуални напади извршени врз маж во периодот од 2001 до 2004 година.

Обвиненијата вклучуваат три точки за непристоен напад, три точки за сексуален напад и една точка за поттикнување лице на сексуална активност без согласност – сите за иста наводна жртва.

Како што пишуваат британските медиуми, Спејси ќе се соочи со новите обвиненијана судење што ќе трае три до четири недели и треба да започне на 6 јуни следната година.

За потсетување, Спејси досега веќе беше обвинет за серија сексуални напади врз тројца мажи во Лондон и Глостершир помеѓу 2005 и 2013 година додека беше уметнички директор на театарот Олд Вик. Спејси негираше дека направил било што од тоа за што е обвинет.

Во Соединетите Држави, Спејси минатиот месец доби случаj и беше осолободен од обвинение за сексуална злоупотреба. Oбвинителот не ги увери поротниците во граѓанското судење на Менхетен дека Спејси извршил сексуален напад врз него додека имал 14 години.

Back to top button
Close