КФОР и ЕУЛЕКС го обезбедуваат влезот на селото Бањска каде утринава беше убиен косовски полицаец

Сите приоди кон селото Бањска од правец на Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан се блокиран, а блокирани се и граничките премини кои водат кон соседна Србија, Јариње и Брњак

Припадници на американскиот КФОР и ЕУЛЕКС излегоа на терен откако рано изутрината еден припадник на полицијата на Косово беше убиен, а други двајца се здобија со повреди, но се надвор од животна опасност. Поради сериозноста на ситуацијата, блокирани се сите приоди кон селото Бањска и привремено се затворени граничните премини кои водат кон соседна Србија.

Косовската полиција, претходно, ги објави првите информации за синоќешното убиство на наредник од косовската полиција на северот на земјата. Според кажаното, полициската патрола во која биле три полицајци од Звечан дошле до селото Бањско бидејќи добиле пријава дека таму се поставени два камиона кои го блокираат мостот на влезот од селото. Во моментот кога полициското возило пристигнало на влезот на селото, кон нив бил отворен оган. Локалните мештани кажуваат дека константно се слушале пукања и детонации, а ситуацијата се смирила утринава во 7 часот.

Косовскиот полицаец бил убиен во заседа на влезот од селото Бањско

Осуда за настанот пристигна од американскиот амбасадор на Косово, Џеф Ховениер кој кажа дека овие сторители на оркестрирани и насилни напади врз косовската полиција мора да бидат изнесени пред лицето на правдата.

„Косовската полиција има целосна и легитимна одговорност за спроведување на владеењето на правото на Косово. Сторителите морааат да бидат и ќе бидат повикани на одговорност и изведени пред лицето на правдата“ напиша Ховениер.

Косовскиот премиер Албин Курти, претходно, извести дека косовската полиција била цел на напад на засега непознати маскирани лица. Во нападот во близина на Лепосавиќ, бил убиен полициски наредник, а ранет уште еден граничен полицаец. Според Курти, истрелите од огнено оружје продолжиле и во раните утрински часови

Back to top button
Close