Кичевчанец прво ја истепал пријателката од Романија, а потоа и се заканувал и со пиштол

На 29.11.2022 во 15.00 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Џ.А.(51) од Кичево. Тој се сомничи дека физички ја нападнал и со огнено оружје се заканувал на неговата пријателка И.К.Т.(22) од Романија.

whatsapp sharing button

twitter sharing button

 Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 9 милиметри и 155 куршуми за пиштол, калибар 15 милиметри. Тој бил приведен во полициска станица, а за настанот бил известен Центарот за социјални работи Кичево, од чија страна се преземени мерки за згрижување на жртвата. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close