Кичево: Возило удрило во пешак и во два паркирани автомобили

Пешак се здоби со тешки телесни повреди, откако во него удрил автомобил.

Од МВР информираат дека настанот се случил вчера на улицата „Исеин Акиоски“ во Кичево.

„Патничко возило „форд ескорд“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(21) од Кичево, удрило во патничко моторно возило „опел вектра“, со охридски регистарски ознаки, паркирано од М.О.(43) од Кичево, а потоа и во пешакот М.Ш.(60) од Кичево и во патничко возило „опел астра“, со кичевски регистарски ознаки, паркирано од В.Ш.(32) од Кичево. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево“, велат од МВР.

Back to top button
Close