Киднапирале малолетна девојка од Кочани која подоцна успеала да им избега

 

По некое време, таа, сепак, успеала да побегне и да се врати дома, а мајката ноќта го пријавила случајот во полициската станица во Кочани.

„На 05.01.2023 во 3 часот по полноќ во Полициската станица Кочани, 31-годишна жена од Кочани пријавила дека на 04.01.2023 околу 18 часот во Кочани, две лица со употреба на сила ја внеле нејзината малолетна ќерка во патничко возило со штипски регистарски ознаки, од каде по некое време таа успеала да побегне и се вратила дома“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close