Киев беше под ракетен оган,погодени Споменикот на холокаустот и Клиниката за гинекологија

Во текот на ноќта жестоки борби се водеа во повеќе градови, украинската престолнина Киев беше под ракетен оган, при што беа погодени Споменикот на холокаустот и Клиниката за гинекологија

Русија и Украина денеска продолжуваат со нова рунда на мировни преговори во Белорусија.

Во текот на ноќта жестоки борби се водеа во повеќе градови, украинската престолнина Киев беше под ракетен оган, при што беа погодени Споменикот на холокаустот и Клиниката за гинекологија, неколку часа откако руската војска предупреди за „прецизни удари“ и им порача на цивилите во близина да бегаат.Исто така се зголемија стравувањата дека Русија се обидува да ја исфрли комуникациската инфраструктура на градот.

 

Според Скај Њуз, петмина загинаа во нападот на Тв Кулата во Киев; рускиот конвој кој се протега 40 милји се затвора во Киев; во текот на ноќта се водат борби во Херсон и Харков .Русија го засилува гранатирањето на Харков, каде веќе слетале и руски падобранци,

 

Според украинската агенција УНИАН во Харков руските трупи нападнале воено-медицински центар,а руски гранати паѓале врз центарот на градот, вклучително и станбени објекти, како и зградата на регионалната управа. Според изјава на регионалниот гувернер Олег Синагубов, во гранатирањето на Харков од страна на руските трупи загинале најмалку 21 лица, а повредени се над 112. Британскиот министер на одбрана Бен Валас утрово за Скај Њуз рече дека руската инвазија на украина влегува во седмиот ден и кажа оти стравува дека бомбардирањето на украинските градови само ќе се влоши.Валас исто така, рече дека верува оти владимир путин не се грижи за тешките санкции наметнати против русија од страна на западните земји.

 

Back to top button
Close