Киев ги оцени преговорите во Абу Даби како „позитивни“

Русија е отворена за продолжување на дијалогот со Украина во Истанбул, изјави за РИА Новости директорот на Вториот оддел за земјите од ЗНД при Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Алексеј Полишчук.
– Остануваме отворени за продолжување на дијалогот и високо го цениме гостопримството на Турција – рече тој.
Полишчук потсети дека во 2025 година, Министерството за надворешни работи на Украина објави дека ги прекинува преговорите во Истанбул, наводно поради недостаток на „опиплив напредок“.
– Тоа звучи измислено, бидејќи од јули 2025 година, Киев не одговори на нашите предлози за билатерален центар за следење и контрола на режимот на прекин на огнот, за три работни групи и не одговори на нашата подготвеност да го подигнеме нивото на делегациите… Со еден збор, топката е на украинската страна – изјави тој.
Украинските претставници, во коментар за новинарот на порталот Аксиос, Барак Равид, ги оценија преговорите одржани во Абу Даби како „позитивни“ и „конструктивни“.
– Украинските претставници изјавија дека трилатералните преговори меѓу САД, Русија и Украина во Абу Даби биле „позитивни“ и „конструктивни“ – напиша Равид на социјалната мрежа X.
Следната рунда преговори за Украина би можела да се одржи во Абу Даби веќе следната недела.
Извор: fokus.mk






