Киев прогласи полициски час, јавниот превоз нема да работи

„Ова е неопходен чекор. Во сегашните услови на воена агресија и вонредна состојба, ова е неопходно за безбедноста на жителите на главниот град. Јавниот превоз нема да функционира за време на полициски час. Во исто време, метро станиците ќе бидат деноноќно достапни како засолништа. Ги молиме сите жители на Киев да се вратат во своите домови на време“, се наведува во соопштението од канцеларијата на градоначалникот на Киев.

Од почетокот на руските напади на Украина, луѓето се кријат во метрото во Киев. Во главниот град на Украина е прогласена воздушна опасност. Луѓето се повикани да се кријат во засолништа.

Back to top button
Close