Киев: Русија фрли 130 бомби и 77 дронови врз Украина за едно деноноќие
Украинските сили за одбрана собориле 38 руски дронови во последните 24 часа, додека уште 31 исчезнале од радарите без да предизвикаат штета, јави агенцијата Укринформ, повикувајќи се на соопштение на украинската воздухопловна команда, објавено на Телеграм.
Вкупно, руските сили истрелале 77 дронови од Курск, Брјанск и Приморско-Ахтарск. Во одбраната биле вклучени украински борбени авиони, противвоздушна одбрана, електронска борба и мобилни стрелачки тимови.
До 18 часот по локално време, во источните, северните, јужните и централните региони на Украина биле соборени 38 дронови, главно од типот „Шахед“.
Дополнително, руските сили денеска користеле над 130 наведувани авионски бомби врз украинска територија. Една од бомбите погодила станбена зграда во Запорожје.
Штета била предизвикана и во регионите Харкив, Черкаси и Запорожје