Киев: Русија се подготвува за голема офанзива
Според извори од украинската разузнавачка служба, Русија се подготвува за значајна офанзива во Украина, префрлајќи трупи кон клучни позиции на боиштето.
Според весникот „Фајненшл тајмс“, подготовките сугерираат дека Москва планира ескалација на конфликтот, и покрај очекуваните преговори за прекин на огнот оваа недела и повиците од Киев и неговите сојузници за безусловно 30-дневно примирје.
Русија го отфрла предлогот за прекин на огнот доколку тој не е проследен со запирање на воената помош за Украина, а продолжува со копнени напади по линијата на фронтот и со напади врз инфраструктурата, длабоко на украинска територија.