Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина

Силите за противвоздушна одбрана на Украина соборија 40 од вкупно 60 беспилотни летала со кои руските сили извршија напад врз Украина меѓу 12 и 13 јули, соопштија денеска Воздухопловните сили на Вооружените сили на Украина.

Како што пренесува агенцијата „Укринформ“, нападот бил извршен од правец на руските градови Курск и Милерово, а станувало збор за јуришни дронови од типот „Шахед“, како и беспилотни летала-имитатори од различни типови.

Нападите главно биле насочени кон територии во близина на линијата на фронтот, вклучувајќи ги Доњецката, Сумската и Дњепропетровската област.

Back to top button
Close