Кикиљас: Просечната возраст на заболени од Ковид-19 во Грција во август се намали на 36 години

 Просечната возраст на оние кои во август се разболеа од коронавирусот се намали на 36 години, напиша министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на неговиот официјален „Твитер“ профил, упатувајќи порака до младите, јави дописничката на МИА од Атина.

-Опасноста на коронавирусот е леснотијата со која се пренесува. Ова се случува дури и ако  си млад и мислиш дека си непобедлив. Просечната возраст на оние кои се разболеа во август веќе се спушти на 36 години, напиша Кикиљас, споделувајќи ја пораката „Немој да станеш жариште на ширењето, остани на растојание и заштити ги од коронавирусот твоите сакани и ранливите групи“.

Back to top button
Close