Кикиљас: Убеден сум дека вакцината против Ковид-19 ќе ја примат мнозинството од граѓаните

Убеден сум дека мнозинство наши сограѓани ќе разберат, правилно ќе се информираат и на крајот ќе се вакцинираат , вели министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Open“, јави дописничката на МИА од Атина.

Споменувајќи го и она што и самиот грчки премиер го најави, дека ќе постои национална кампања за вакцинација против Ковид-19, Кикиљас објасни дека сите ќе бидат вклучени: државата, црквата, социјалните организации, лекарските комори, фармацевтски здруженија, компаниите, општинските и регионалните совети, односно „сите оние кои што ја разбираат важноста да им се објасни на граѓаните, колку вакцините се корисни за јавното здравје, за нивното здравје и за нивна одбрана од коронавирусот“.

За ситуацијата со пандемијата во Грција, Кикиљас вели дека здравствениот систем е под притисок, особено во северниот дел на земјата.

Во однос на вакцината, според последните три истражувања на јавното мислење во Грција, објавени во изминатите два дена од телевизиите „Стар“, „Скај“ и „Мега“, пет до шест од десет Грција, односно 51 отсто, 52,1 и 64 проценти од анкетираните рекле дека ќе се вакцинираат против Ковид-19.

Back to top button
Close