Километарски колони за влез во Македонија од Грција

Километарски колони има на македонско-грчката граница за влез во Македонија. Како што пишуваат повеќе медиуми, за влез се чека и до два часа.

Голем број македонски државјани викендов заминаа за Грција за да го искористат продолжениот викенд, па поради тоа и гужвите се огромни. Освен македонски, на границата има српски, косовски и грчки возила.

Како што пишуваат дел од медиумите, на грчкиот дел од преминот се чека час и половина, а на „Богородица“ чекањето е околу поливна час.

Back to top button
Close