Ким Јонг Ун скршен: Призна дека севернокорејски војници загинале во Русијa: Не знам како да го изразам моето извинување што не успеав да ги заштитам
Во неочекуван и ретко искрен момент, лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, првпат јавно призна дека негови војници загинале борејќи се на страната на Русија во војната против Украина.
На емотивна церемонија во Пјонгјанг, Ким им оддаде почит на загинатите, нарекувајќи ги „херои кои ги жртвуваа своите животи за победата и славата“. Фотографии објавени од државната агенција KCNA го прикажуваат како прикачува медали на униформи, но и како става значки на врамени фотографии од паднатите војници, чии имиња беа испишани со златни букви.
„Срцето ме боли кога ја гледам реалноста дека нашите синови можат да се видат само преку фотографии на спомен-ѕидот. Не знам како да го изразам моето жалење и извинување што не успеав да ги заштитам,“ рече Ким, додека пред него стоеле ожалостени семејства.
Сцените беа потресни – Ким Јонг Ун ги прегрнуваше расплаканите деца и семејствата на загинатите, додека властите организираа банкет за единицата што се вратила од Русија.
Според западните разузнавачки извештаи, Северна Кореја има околу 12.000 војници распоредени во Русија, од кои околу 4.000 се убиени или ранети од есента 2024 година. Иако им недостига борбено искуство, аналитичарите предупредуваат дека станува збор за елитни и силно индоктринирани единици.
Церемонијата е првото јавно признание од Пјонгјанг за тешките жртви во Курск – знак дека дури и строгата цензура на Ким не може целосно да ја сокрие цената на војната.