Ким присуствуваше на тестирањето на навигацијата на бродот разорувач „Канг Кон“

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун присуствуваше на тестирањето на навигацијата на поморскиот разорувач „Канг Кон“ и повика на зајакнување на борбените способности на морнарицата.

Севернокорејската новинска агенција (КЦНА) јави дека Ким, придружуван од неговата ќерка Ким Џу-ае, на бродот ги проверувал неговите маневарски и оперативни способности.

Тој истакна дека најважна задача во рамките на петгодишната политика за развој на националната одбрана е изградбата на силна морнарица, која ќе ја преземе улогата во нуклеарно одвраќање. Ким наведе дека се надева оти успешно ќе бидат реализирани целите за модернизација на морнарицата, вклучително и развој на „подводно тајно оружје“ и изградба на бродови разорувачи од 10.000 тони.

Разорувачот „Канг Кон“ во мај минатата година пред да заплови се преврти и беше оштетен. Ким тогаш инцидентот го оцени како „апсолутно невнимание“ и „неодговорност“.

Back to top button
Close