Кина ги повика своите државјани веднаш да го напуштат Судан
Амбасадата на Кина во Судан денеска ги повика своите државјани веднаш да ја напуштат земјата поради интензивираните борби и нападите со дронови.
– Повикот се однесува на кинеските граѓани, а не на институциите, се наведува во соопштението на Амбасадата.
Повикот уследи откако беше објавен извештајот на меѓународната невладина организација „Амнести интернешнл“ за употребата на кинеско оружје, испорачано од кое Обединети Арапски Емирати за паравоени формации во Судан кои се борат против армијата, со што се крши ембаргото на Обединети нации.
Во соопштението на АИ се посочува дека „кинески бомби ГБ50A и гранати AХ-4 од 155 мм се идентификувани со анализа на слики од остатоци пронајдени по нападите во Картум и Дарфур, западен Судан.
Од април 2023 година во Судан се водат борби за превласт помеѓу суданската армија и Силите за брза поддршка (РСФ). Судирите избија поради предлогот за повторно воспоставување на цивилна власт во Судан. Од воениот удар во 2021 година со Судан раководи Суверен совет составен од армиски генерали.
РСФ е под команда на потпретседателот на Советот, генерал Мохамед Хамдан Дагал, а армијата ја предводи генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој е претседател на Суверениот совет. Според предложената транзиција кон цивилна влада, РСФ ќе биде интегрирана во суданската армија. РСФ бараше транзицијата да биде одложена за 10 години, но не се согласи армијата.
РСФ се составени од припадници на полицијата Џанџавид, обвинети за злосторства за време на долгата и смртоносна војна што започна во 2003 година во Дарфур, западен Судан, исто така е обвинета дека била вклучена во задушувањето на бунтот против диктаторот Омар ал Башир кон крајот на 2018 година, што кулминираше со неговото соборување од власт во април 2019 година.
Војната во третата по големина африканска држава предизвика најголемата хуманитарна криза во светот, а РСФ и армијата се обвинети за масовно кршење на човековите права. Од почетокот на конфликтот помеѓу суданската армија и загинаа десетици илјади луѓе, а 13 милиони се раселени. Според податоци на Обединети нации, Судан е една од најлошите хуманитарни катастрофи во светот.