Кина ги предупреди своите граѓани во Иран и Израел за потенцијални напади

Кина издаде препораки за своите граѓани во Израел и Иран за „сложената и сериозна“ безбедносна ситуација во тие земји. Државата ги предупреди своите граѓани кои се наоѓаат во Израел да се подготват за можни напади со ракети и беспилотни летала.

Кинеската амбасада во Израел им порача на тамошните граѓани да ги зголемат своите безбедносни мерки на претпазливост, да избегнуваат непотребно излегување или одење во области околу воени единици и чувствителни институции, бидејќи „безбедносната ситуација на терен е сложена и сериозна“.

„Останете смирени, бидете внимателни“, се наведува во известувањето.

Back to top button
Close