Кина и Британија ги обновуваат економските преговори по шест години

Кина и Велика Британија денеска ги продолжија економските и финансиските преговори по шестгодишен прекин, за време на посетата на Пекинг на британската министерка за финансии Рејчел Ривс.

Таа отпатува за Пекинг придружувана од делегација на британски бизнис лидери и финансиски функционери и се состана со кинески лидери, меѓу кои и заменик премиерот Хе Лифенг и потпретседателот Хан Женг.

Економскиот и финансискиот дијалог, како и годишните билатерални разговори, беа прекинати во 2019 година поради пандемијата на Ковид-19 и влошувањето на билатералните односи, а Британија се надева дека продолжувањето на дијалогот ќе им помогне на британските бизниси во Кина, пренесува Еј-Би-Си Њуз.

Back to top button
Close