Кина и Венецуела со реакции по одлуката на Бајден. Синот на Трамп:„Проклети имбецили!“
Стигнаа првите ракции откако американскиот Њујорк тајмс објави информација дека американскиот претседател Џо Бајден ги овластил Украинците да користат ATACMS за длабоки напади на руска територија.
Меѓу првите земји кои реагираа беше Кина.
„Кина се спротивставува на какви било чекори кои би можеле да доведат до ескалација на украинскиот конфликт и ескалација на тензиите. Позицијата на Кина за украинската криза е конзистентна и јасна. Кина е посветена на унапредување на мировните преговори и се спротивставува на какви било чекори кои би можеле да доведат до ескалација на тензии и ескалација на ситуацијата во регионот“, се наведува во реакцијата на Кина. Оттаму порачаа и дека овој потег не придонесува за намалување на тензиите, пренесува klix.ba.
„Наместо да долеваат масло на огнот и да поттикнуваат конфликти, релевантните страни треба да се стремат да создадат услови за политичко решение на украинската криза преку дијалог и преговори“, беше соопштено.
Одлуката ја коментираше и претседателот на Венецуела Николас Мадуро.
„Владите на САД, Франција и Велика Британија одобрија употреба на ракети со долг дострел за напад на нашата сестра Русија. Американскиот империјализам влезе во фаза на лудило и одмазда“, рече Мадуро.
Насобраните луѓе околу новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја коментираа и одлуката. Илон Маск, кој во мандатот на Трамп ќе го води Одделот за ефикасност на американската администрација, се вклучи во дискусијата на социјалната мрежа X. На статусите во кои се наведува дека „либералите ја сакаат војната“ Маск напиша „вистина“.
Одлуката на администрацијата на Бајден ја коментираше и синот на Доналд Трамп, кој остро го критикуваше овој потег.
„Изгледа дека воено-индустрискиот комплекс сака да се увери дека Третата светска војна ќе започне пред татко ми да добие шанса да создаде мир и да спасува животи. Мораат да ги зачуваат тие трилиони долари. Проклети да сте, имбецили“, напиша Доналд Трамп Џуниор