Кина лансираше ракета со 11 сателити

Кина денеска успешно лансираше нова ракета „Смарт Драгон-3“ со 11 сателити од соѕвездието „Џили-04“ на кинеската приватна компанија за производство на автомобили „Џили“ и производителот на автомобили „Волво“, објавија кинеските медиуми.

Лансирањето на ракетата е извршено од платформа во морето во близина на градот Рижао на брегот на Жолтото Море, во покраината Шандонг, објави порталот China.org.cn.

Како што соопшти кинеската Национална вселенска агенција, тоа е шести лет на ракетата од семејството ракети Драгон.

Back to top button
Close