Кина најуспешна по вториот натпреварувачки ден на Игрите во Токио

Со шест златни медали, Кина е најуспешната земја по два натпреварувачки дена на Олимписките игри во Токио. Покрај златните, Кинезите освоија и еден сребрен и четири бронзени медали.

Второто место на листата медалисти е за домаќинот Јапонија со пет златни одличја. Јапонците имаат и еден сребрен медал.

На третото место се наоѓаат САД со четири златни. Американците имаат и два сребрени и четири бронзени медали.

Република Кореја има две злата.

Следуваат 12 држави со по еден златен медал.

Вкупно 40 држави имаат освоено барем еден медал.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close