Кина планира да вакцинира 40 отсто од населението до крајот на јуни

– Кина планира да вакцинира 40 отсто од населението до крајот на јуни. Според „Оксфорд Економикс“, амбициите на земјата ќе придонесат за 9,3 отсто економски раст оваа година.

За да се постигне таа цел, Кина мора да вакцинира 10 милиони луѓе секој ден, што е двојно повеќе од сегашниот капацитет. Доколку кинеската влада успее да го одржи овој сооднос до третиот квартал, ќе се постигне колективен имунитет, т.е. ќе бидат вакцинирани помеѓу 60 и 70 отсто од населението во земјата.

Според студијата на „Блумберг њуз“, економистите предвидуваат дека растот на БДП на Кина оваа година ќе достигне 8,5 отсто.

Во меѓувреме, експерти од Светската здравствена организација рекоа дека вакцините против новиот коронавирус на кинеските лаборатории „Синофарм“ и „Синовак“ покажаа дека се безбедни и ефикасни, но потребни се дополнителни податоци.

Back to top button
Close