Кина протестира поради посета на американски министер на Тајван

– Кина вложи остар протест до САД поради најавената посета на американскиот министер за здравство Алекс Азар на Тајван, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

– Кина остро се спротиставува на официјалните контакти помеѓу САД и Тајван, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

Азар ќе го посети Тајван во следните денови и тоа ќе биде посета на висок американски претставник на Тајван по четири децении.

За Кина, Тајван е најчувствително прашање во кинеско – американските односи и посетата на Азар најверојатно дополнително ќе ги влоши тензичните односи помеѓу Пекинг и Вашингтон.

Предвидено е Азар во Тајван да допатува со директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болестите Мичел Вулф и други претставници.

Според тајванското Министерство за надворешни работи посетата на Азар ја оцени како силна поддршка од од САД за Тајван.

За Пекинг, Тајван е еден од нејините провинции. САД и поголем број земји немаат формални дипломатски врски со Тајван, а за Пекинг, Тајван е еден од кинеските провинции.

Back to top button
Close