Кина смета дека САД треба веднаш да го ослободат Мадуро

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека САД треба веднаш да го ослободат претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес, и да ја решат ситуацијата во Венецуела преку дијалог и преговори.
Во соопштението објавено на својата веб-страница, министерството наведе дека САД треба да ја осигурат и личната безбедност на Мадуро и Силија Флорес, тврдејќи дека нивното протерување од земјата го крши меѓународното право.
Мадуро и неговата сопруга по американската акција беа одведени во Њујорк, каде што Мадуро е префрлен во федерален затвор во Бруклин. Тој е обвинет, меѓу другото, за нарко-тероризам.






