Кина веќе четири месеци е без смртни случаи од Ковид-19
– Кинеските здравствени власти соопштија дека во последните четири месеци не починал ниту еден хоспитализиран пациент со коронавирус.
Претставникот на Националната здравствена комисија, Гуо Јанхонг, изјави дека тоа е најсилниот доказ дека кинеското искуство, методите и стратегиите во лекувањето на коронавирусот се добри, и ја пофали стратегијата на Кина во спречувањето на ширењето на Ковид-19, објави Си-Ен-Ен.
На 14 април кинеската Национална здравствена комисија последен пат пријави смрт од коронавирус, кога беше регистриран еден смртен случај во покраината Хубеи, се гледа од податоците на веб страницата на Комисијата. сд/