Кина започна анални тестови за коронавирус

Кина започна со користење на анални стапчиња за тестирање на лицата за кои смета дека се високо-ризични за заразување од Ковид-19. Лекарите велат дека процедурата е поефективна, но граѓаните не се среќни.

    

Инвазивната процедура досега е применета на жителите на населби во Пекинг каде се јавиле потврдени случаи на Ковид-19 минатата недела, како и во некои објекти за карантин.

Во последните недели во повеќе градови во северна Кина избувнаа локализирани појави на заразата, и тие се во најголем дел сместени во карантин и спроведени се масовни кампањи на тестирање. Досега тестовите беа спроведувани со класичниот метод на земање брис од грло и нос.
Но методот на земање анален брис „може да ја зголеми стапката на откривање на заразени лица“, затоа што остатоците од вирусот остануваат подолго во анусот одошто во респираторниот тракт, вели за кинеската државна телевизија Ли Тонзенг, доктор во болницата Ју’ан во Пекинг.

Но, корисниците на популарните кинески социјални мрежи на веста реагираа со подсмев и ужаснатост.
„Толку сум среќен што се вратив порано во Кина“, пишува еден корисник.

„Мала штета, но големо понижување“, вели друг, користејќи подсмешлив емотикон.
Други, кои веќе минале низ процедурата, се придружија со црн хумор.

„Двапати направив анален тест, и потоа морав да направам и брис од грло- бев многу исплашен дека болничарката ќе заборави да искористи друго стапче“, се шегува еден корисник на Веибо.

China | Covid-19 | Coronavirus -TestМасовното тестирање во Кина и натаму се врши со „класичниот“ метод

Кинеската телевизија соопшти дека аналните стапчиња нема да имаат широка примена како другите методи, поради „нелагодноста“ на техниката.

Растот на заразата ширум светот ја натера Кина да воведе построги ограничувања за меѓународните патници во обид да ја држи домашната трансмисија на пониско ниво.

Сите кои пристигнуваат во земјата мора да имаат повеќекратни негативни тестови и да останат во карантин во хотел најмалку 14 дена, а во некои градови и региони и подолго.

извор: ДВ

Back to top button
Close