Кина затвори цел град од 2,9 милиони жители поради 19 нови заразени
Властите во јужниот кинески град Путиан (Пујанг), им забранија на жителите да не го напуштаат градот, го прекинаа автобускиот и железничкиот сообраќај и ги затворија кината, баровите и другите јавни места, за да спречат ширење на заразата откако беа регистрирани нов заболени со ковид.
Секој што треба да го напушти Путиан, град со 2,9 милиони жители во провинцијата Фуџијан јужно од Шангај, поради неопходното патување, мора да достави доказ за негативен тест за коронавирус во последните 48 часа, објави градската власт.
Кина објави дека вирусот е под контрола на почетокот на 2020 година, но во меѓувреме се појави позаразниот сој делта. Властите велат дека повеќето нови епидемии може да се поврзат со лица кои пристигнуваат од Русија, Мјанмар и други земји.
Во изминатите 24часа, во Путиан, се регистрирани 19 новозаразени лица за кои се верува дека се локално заразени, објави во саботата Националната здравствена комисија.
Еден случај на инфекција е пријавен во Чангжу, исто така во провинцијата Фуџијан.
Првите случаи на инфекција во Путиан се студенти од округот Ксиан, но експертите се сомневаат дека инфекцијата потекнува од таткото на еден од учениците што се вратил од Сингапур на 4 август, пишува весникот „Глобал тајмс“.