Кинески државјани се истепале во угостителски објект во Центар

Двајца кинески државјани кои престојувале во Скопје се степале меѓу себе во центарот на градот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата тепачката се случила завчера.

-Во полициската станица Центар Х.Ј.(48) од Кина со престој во Скопје пријавил дека околу 15 часот во угостителски објект на подружница Центар, поради претходно недоразбирање физички бил нападнат од Љ.Х., исто така кинески државјанин.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР

Back to top button
Close