Кинескиот модел на вештачка интелигенција ги анализира можните исходи од протестите во Србија
– Актуелните протести во Србија против претседателот Александар Вучиќ претставуваат најголем предизвик за неговиот авторитарен режим откако тој дојде на власт во 2014 година, и додека целосниот колапс на режимот не е сигурен, протестите открија сериозни слабости во авторитарниот систем на владеење, што го прави неговиот долгорочен политички опстанок сè понеизвесен. Ова е заклучокот до кој дојде кинескиот модел за вештачка интелигенција (AI) DeepSeek, во однос на проценкиите за исходот од протестите во Србија.
Со анализа на достапните извори, DееpSееk предвиде пет можни исходи од протестите во Србија.
Тоа се постепеното слабеење на моќта на Вучиќ, падот на режимот, за кој клучен момент би било формирањето на преодна влада и организирањето слободни избори, задушувањето на протестите или манипулацијата со изборите, надворешниот притисок и долгорочните системски реформи.
Најверојатното сценарио, според кинескиот модел на вештачка интелигенција, е „продолжен застој“, во кој Вучиќ, со мали отстапки, би ги задржал клучните лостови на власта преку избори или кадровски промени меѓу лојалистите.
Но, се нагласува дека истрајноста на протестите, како и широката социјална поддршка (според некои податоци, 61 отсто од граѓаните) укажуваат дека не е исклучена пресвртница.