Кинеските државни компании престанаа да купуваат руска нафта поради американските санкции
Четири кинеските државни нафтени компании престанаа да купуваат руска нафта транспортирана по морски пат по американските санкции за нафтените компании „Лукоил“ и „Роснефт“, објавија западните медиуми повикувајќи се на неименувани извори.
Кинеските компании („Петрочајна“, „Синопек“, СНООЦ и „Џенхау оил“) се одлучија на тој потег во време кога рафинериите на Индија, најголемиот купувач на руска нафта транспортирана по море, беа принудени значително да го намалат увозот на сурова нафта од Русија, со цел да не ги прекршат американските санкции.
Кина увезува околу 1,4 милиони барели руска нафта дневно по морски пат, а поголемиот дел од таа количина ја купуваат независни рафинерии. Исто така, Кина увезува околу 900.000 барели руска нафта дневно преку нафтовод, кои сите се транспортираат во „Петрочајна“.