Кире Маркоски ново засилување на Шкупи

Македонскиот вицешампион Шкупи ги засили своите редови за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига и претстојниот настап во УЕФА Конференциската лига со повремениот репрезентативец Кире Маркоски.

Дваесетишестгодипниот дефанзивец, кој минатата сезона го носеше дресот на струмичкиот прволигаш Академија Пандев, потпиша договор на една сезона, соопшти попладнево Шкупи.

– Како прво, сакам да им се заблагодарам на претседателот на клубот Олгун Ајдин, спортскиот директор Омер Буњаку и тренерот Гоце Седлоски за довербата и дадената можност. За време на многуте разговори што ги водевме, ми ги презентираа своите идеи, целите и амбициите на клубот. Токму желбата и амбициите на клубот за успех во домашното првенство како и на европската сцена беа причините зошто решив да потпишам за Шкупи, изјави Марковски на промоцијата.

Верувам дека под водство на тренерот Седлоски можеме да стигнеме до плеј-офот во Конференциската лига и да ги исполниме целите на клубот. Ветувам дека ќе го дадам максимумот и дека заедно со нашите верни навивачи ќе се радуваме на големи успеси, додаде нивото засилување на Шкупи за клупскиот сајт.

Шкупи настапот во Конференциската лига го започнува од 1. квалификациско коло, а противникот ќе го дознае на жрепката во Нион закажана за 15 јуни.

Back to top button
Close