“Kирилица e крстена, така, по жената му на Св. Кирил”!?

Градот Охрид ја имал среќата да го управуваат авторитети, градители и визионери, како, колегите, или, блиски: Милчо Балески, Љубен Баткоски, Никола Матлиески – Пашата…

Или, на пониско ниво, еден Насте Настески, во улога на секретар на еден иод тогашните СИЗ – ови (самоуправно интересни заедници, од југословеснко доба), човекот кој ме опсипуваше со толку доверба, во времето кога и самиот се мешав во општинските политики, те ме назначија за претседател на контролното тело (со денешен јазик – Управен одбор) на СИЗ – от за патишта и комунален развој, те мојот дребен потпис го носат најзначаните, капиталните зафати, како Булеварот “Туристичка” (не успеав да ги убедам дека мешаат машки и женски род!?), реконструкцијата на “Јане Сандански”…

Но, за голема жал, Владо Бучкоски и Илија Илоски (и “Свети СДСМ”), инсталираа и такви – никакви, како Манулачот од Ташмаруништа (Филипче и ден денес, на партиските собири, го користи како “симбол и заштитен знак!?”), за кои однапред им предвидов дека ќе завршат во Шутка, дека градот го даваат во рацете на урбаната мафија, дека…

Тој “експерт!”, втор мандат купи со тоа што градот го предаде во рацете на индивидуа, која не се либи да изгради дивоградба под гранките на столетниот чинар, а, за мистеријата биде уште поголема, на човек кој во 1999 година, на локалните избори, пукаше со калашников на активистите од самиот СДСМ!?

Индивидуа која дотурка и до член на Советот на општина Охрид, до (верувале или не!?) претседател на Комисијата за урбанизам(!?) и личност која, на седници на Советот, во присуство на градоначалникот, ги тепаше другите советници кои не гласаа урбанистички одлуки по негова мерка!?

Кога ќе се спојат ненаситноста и неукоста, тогаш ниту Господ има моќ. Останаа само шегите на охригани му ги натурија на градоначалникот, со прекарот, позајмен од шутракот Манулач, од култната “Зона Замфирова”, дело на српскиот автир Стеван Стремац, по кое Здравко Шотра сними истоимен филм!

Но, да се вратам на вистинската намера и цел од овие редови.

Како што, на времето, не успеав да убедам еден друг градоначалник, колега – новинар во МРТВ, дека булевар не е исто што е улица, дури и во практична смисла, а не само во родова, не успеав да го спречам поставувањето на монументот на Свети Климент, закачен како дрвен кол, сред градскот плоштад!

Ја користам приликава, повторно да го покренам ова прашање, да дадам аргументи, да повикам на дијалог, да замолам – доколку има истомисленици, да се вклучат.

Имено, поставувањето на монументот “само тука и никаде на друго место!”, беше желба, или, ултиматум – кој како милува, на скулпторот, академикот, наводниот “донатор!”, Томе Серафимоски – “Шарпланинац”, како што самиот милуваше да се нарекува.

Не сум квалификуван да судам за квалитетот на неговите дела, кои, како реплики ги расејуваше од Охрид, преку Скопје, до Белград, но паметам какви оценки му даваа и од него се огврадуваа неговите колеги од Загреб, каде заврши студии.

“Донаторов!”, ги прелажа тогашните локални власти да му дадат локација за градба на Атеље во старото градско јадро, под светостите на Свети Климента, на Имарет!!!

Уште тогаш, како млад новинар во “Вечер”, не денешниот, туку оној на Мирко Миронски со 120.000 примероци дневен тираж (по трафиките продавачите го криеа под тезга , по наредба “од горе!” поради десетилјадната “официјална” “Нова Македонија”!?), пишував дека таа привелегија треба даму се даде на еден светски познат скулптор од Австралија, по потекло од охридските села.

“Донаторот!”, особено го разгневија моите укажувања на фактот што исече дваесетина прекрасни зимзелени стебла. Миронски имаше голема доверба, сето тоа го објавуваше, а влиајтелниот “донатор!” од скулптор, користеше секоја прилика да ми ја засече главата!

Но, времето не ме демантираше. Напротив. Заслужниот граѓанин – “донатор!” од наводното “атеље!” и наивноста на некои охридски глави, се офајди со половина милион евра. Денес, “Атељето” е летна резиденција на познат скопски бизнисмен, а пред него се вее полското знаме!

Синчето му е почесен конзул во Охрид!!!

Кога ќе се спојат шуто и рогато, и похлепно и неуко, тука нема спас. Но, еве прилика, во очи на локалните избори, да ја реактивираме оваа тема. Дојдоа млади луге, образовани, прошетани…

Особено сакам да се произнесе, за нас, веќе култниот археолог и мој средношколски и студенски другар Паско Кузман (учесник во студентското движење од 1968 година во Белград), кој ја застапуваше идејата за “Свет триоаголник” со монументите на Свети Наум (во паркот), Светите браќа Кирил и Методиј (во Паркот) и Свети Климе нт, среде плоштадот(!). Дали во благоиродната идеја на Кузман, би се вклопило, монументот од плоштадот да се премести за дваесетина метри, а има прекрасни место, во колцето – парк?

Тоа му го должиме и на современиот великан на Охрид, академик Цветан Грозданов, чија идеја беше поставувањето на трите монументи, но, не на толку тесен простор и не на патека, среде плоштат, без никаква дистанца до светителот и светоста, на што, уште тогаш реагираа освестените од Охрид, Македонија и светот.

Ако, не, новите власти, нека додадат уште една мала скаличка, за да не мораат децата да се искачуваат ползејќи до постаментот и по телото на светецот – светителот, патрон и заштитик на Охрид и на сето словенство – одовде до Владивосток!!!

“Манулачовштината” во Охрид да му ја препуштиме на минатото, иако, никогаш нема да ги заборавиме, ниту да ги исправиме сите катастрофални дејанија.

А што можевте да очекувате од индивидуа која од пред микрофоните на радиата и телевизиите, на охриѓани им се обраќаше со честитки “до сите живи и мртви!”, индивидуа која, за Нова Година, ги покануваше домаќините и гостите, на градскиот плоштад, да се забавуваат со групата “КамеНолом!” и глаголеше дека “Kирилица e крстена, така, по жената му на Св. Кирил”!?

Веле Митаноски

 

 

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close