Кирк во критична состојба, осомничениот уапсен
Универзитетската полиција објави на „X“ дека е уапсен осомничениот за пукањето врз сојузникот на американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на „Turning Point USA“ (TPUSA), Чарли Кирк.
Тие потврдија дека Кирк бил застрелан и дека бил однесен од местото на настанот од страна на неговото обезбедување.
-Во гостинскиот говорник Чарли Кирк беше испукан куршум околу 12:10 часот утрово. Тој беше погоден од куршум и однесен од настанот од страна на неговото обезбедување. Универзитетската полиција истражува, а осомничениот е уапсен, се вели во соопштението.
Министерката за земјоделство Брук Колинс објави на социјалните мрежи дека Кирк е во критична состојба, но „сè уште е со нас“, јави Би-Би-Си.
-Ве молам продолжете да се молите. Слушнав дека е во критична состојба, но сè уште е со нас“, пишува таа на „X“.
Кирк бил застрелан во вратот, според претставник од TPUSA.
-Тој бил застрелан во вратот. Тој е во болница. Не изгледа добро, изјави главната директорка за маркетинг, Марина Минас, за Си-Би-Ес Њуз.
Во друг пост на „X“, полицијата на Универзитетот во Јута повторува дека студентите треба да го напуштат кампусот.
-Кампусот е затворен, наставата е откажана до понатамошно известување, се вели во објавата.
Кирк беше ранет за време на настан на Универзитетот Јута Вали.
Снимките што кружат на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога е застрелан додека зборува под шатор на кампусот. Во исто време, студентите бегаат во паника од звуците на огнено оружје. Кирк учествуваше таму како дел од турнејата American Comeback Tour, организирана од локалниот огранок на TPUSA.