Кирков: Бараме одговорност и оставки од управата на Зоолошката градина, и реакција на надлежните институции
Би сакале да ја известиме целокупната македонска јавност дека денеска дел од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје направи една вонредна посета на јавната установа Зоолошка градина, а тоа произлегува од последните случувања кои се случуваат во оваа јавна установа кадешто за помалку од месец дена загинаа повеќе животни.
Сакаме да ја информираме јавноста дека ги побаравме одговорите од менаџментот на оваа установа, но како и секогаш тие се на целосен игнор кога се работи за прашања кои се поврзани со оваа установа и немаше никој да не испочитува и да ни каже што конкретно се случува во оваа установа.
Оттука, сакаме да ја информираме целата јавност дека Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје кога се работи за зоолошката градина и сето она кое требаше да биде изгласано и донесено како предлог до нас, сето тоа беше поминато и уредно навремено изгласано.
Субвенции, неколку пати го субвенционираме ова јавно претпријатие, развојната, инвестиционата програма, дел од вработувањата, се е поминато од страна на нас како советници, но проблемот со функционирањето на Зоолошката градина сепак гледаме до каде не доведе.
Таа е една темна приказна кадешто за пократко време умираат повеќе од 40 егзотични животни под нерасчистени околности.
Исто така сакаме да потенцираме дека и во вчерашниот ден на моја пријава до АХВ, веднаш постапи и овде направи вонреден инспекциски надзор, според нашите сознанија констатирани се низа прекршоци и изречена е финансиска казна за правниот субјект и за директорот поради тоа што сакале да ја прикријат смртта на две лами кој починале неодамна, пред неколку дена т.е за кое е констатирано дека имале една заразна болест туберкулоза, болест која е пренослива замислете и на луѓе . Исто така констатирано од страна на АХВ е дека и останатите две лами ги имаат симптомите на туберколоза и наредено е веднаш да бидат изолирани од посетители и од останатите животни.
Почитувани, во оваа установа се работи тотално аматерски и тоа навистина е загрижувачки, нека оваа наша посета и посетата на АХВ бидат аларм да се направи некоја измена и да почне да се работи онака како што треба, за да не дојдеме до ситуација да се прогласи епидемија и повторно оваа установа да доживее, да има клуч на својата врата.
Бараме веднаш оставки од целиот менаџмент на установата како и брза реакција на градоначалничката поради тоа што сите препораки на АХВ ќе доведат и до клуч на оваа установа поради небезбедни услови.
Скопје не заслужува да му се случува ова, а Скопје и зоолошката градина се наоѓа во срцето на Скопје. Таа е една од најстарите зоолошки градини во Европа и во моментов како што кажав ги доживува своите најтемни денови од своето постоење. Алармираме веднаш да се преземе нешто под итно одговорност и ги уверуваме сите дека за многу кратко време од сега доаѓаат и многу поубави денови за Скопје ЗОО.