Кирков: ЈСП без поддршка од градоначалничката, над 200 автобуси стојат расипани на паркинзите

Денеска заедно со колегата од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ  во Советот на Град Скопје, Тони Бојковски, направивме една вонредна посета на Градското јавно претпријатие  ЈСП СКОПЈЕ а  за сето тоа придонесе константните поплаки до нас за Градскиот превоз кој ги добиваме од секојдневните разговори со Скопјани.

Не прими генералниот директор Драган Кушоски со кој разговаравме за сите проблеми со кој се соочува  ЈСП и покрај тоа што од страна на Советот се што е побарано и доставено до нас е експресно изгласано и поминато а тоа е неколку кратко субвенционирање,развојна и инвестициска програма како и изгласани дополнителни вработувања.

Од разговорот со Кушоски можеме да заклучиме дека истиот се соочува со големи проблеми и без подршка од Градоначалничката, постојано е со блокирана сметка и во големи долгови со кој се соочува ова претпријатие но и покрај тоа што големи финансиски средства ова јавно претпријатие  доби од неколку кратното субвенционирање од страна  на Советот.

Над 200 расипани автобуси стојат на паркинзите, несоодветни услови на вработените и систем за работа кој не е сменет години наназад е само плод на недомаќинското работење во ова претпријатие .

Сето ова го трпат Скопјани но сигурни сме дека за многу кратко време од сега доаѓаат многу подобри времиња и за ова Јавно претпријатие кое треба и мора да го води професионален кадар а Скопјани да добијат модерен и сигурен јавен превоз.

Секако не треба да се заборави и целосна ревизија и барање на одговорност за сите кој допринеле ЈСП Скопје  денес да изгледа вака како што изгледа.

 

Линк од фб објава на Стефан Кирков:

Back to top button
Close