Кишида: Пропустите на полицијата овозможија да се убие Абе

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска оцени дека убиството на Шинѕо Абе се случило поради несоодветно полициско обезбедување.

Абе, еден од највлијателните јапонски политичари, беше убиен минатиот петок во западна Јапонија, а фотографиите и видеата покажуваат дека напаѓачот успеал премногу да се доближи до поранешниот јапонски премиер.

Осомничениот беше уапсен на лице место и задржан на сослушување, а според извештаите на полицијата и медиумите тој им рекол на истражителите дека е убеден оти Абе бил поврзан со религиозната група која му наштетила и оти затоа го убил

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close