Кит Харингтон за борбата со алкохолизмот: Се мразев себеси

Актерот Кит Харингтон со години се борел со алкохолизмот и вели дека додека не прекинал со пиење, се мразел себеси и со гадење се гледал во огледало.

Ѕвездата од серијата „Игра на тронови“ изјави дека тоа што сега е трезен му е најголемо достигнување во животот.

„Буквално се презирав самиот себе и не бев горд на ништо“ вели тој и додава дека зависноста го довела до длабока депресија со суицидални мисли.

Ситуацијата му се променила во 2019 година, кога тој сам се пријавил за лечење, само неколку недели пред последната сезона од популарната серија.

Харингтон поминал психолошко советување, когнитивно-бихевиорална терапија и научил да медитира. Сега вели дека е благодарен што го „видел светлото“ пред да му се родат децата.

Претходно медиумите пишуваа дека актерот тешко се носел со славата и дека имал сериозни проблеми со менталното здравје.

Работите што ми се случија откако заврши серијата, а кои се случуваа и во текот на снимањето, беа прилично трауматични и вклучуваа полно алкохол“ вели актерот.

Во некои моменти тој се сметал дека е лоша личност и размислувал да си го одземе животот. (Трн)

Back to top button
Close