Клајверт позајмен на Ница

– Играчот за врска на калчолигашот Рома, Џастин Клајверт, следната сезона ќе игра како позајмен фудбалер во Ница, а францускиот прволигаш потоа ќе го откупи неговиот договор за десет милиони евра, објавија денеска италијанските медиуми.

Дваесетидвегодишниот Џастин Клајверт, син на поранешниот холандски репрезентативец Патрик

Клајверт, дојде во Рома, во јуни 2018 година од Ајакс за речиси 19 милиони евра и во првите две сезони одигра 66 натпревари и постигна девет голови.

Минатата сезона ја мина како позајмен игра во редовите на бундеслигашот Лајпциг, постигнувајќи четири голови на 27 натпревари.

Back to top button
Close