Кластер “летување” најголем во Велес

Три четврини од новоинфицираните велешани во последниот период се заразени во туристичките центри Охрид, Сруга, но и летувалиштата во Албанија, покажале анализите на Центарот за јавно здравје Велес. Сепак, оттаму состојбата во Велес ја оценуваат како стабилна, но апелираат да нема опуштање и да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19.

Ова се дел од оценките на Кризниот штаб кој утрово одржа состанок. Досега нема регистрирани нови заразени велешани во последните 24 часа, но не се исклучува можноста во текот на денот оваа ситуација да се промени, доколку пристигне резултат од тестирање во приватни лаборатории.

Во моментов седум пациенти со ковид-19 се лекуваат на инфективното одделение во велешката болница, а 19 заразени велешани се дома. Досега во Велес се регистрирани 265 заразени, од кои 225 оздравеа, а 14 починаа.

Батали.нет

Back to top button
Close