Клековски „начул“ дека му се врти името за министер за здравство, ама чека како ке одлучат тие што решаваат

По една година министерување, се очекува со веќе долгонајавуваната реконструкција на владата, Азир Алиу да биде сменет од министерската позиција во здравствениот сектор.

Се очекува владејачката ВМРО-ДПМНЕ да го преземе секторот здравство  во кој се вртат милионски суми , а во таа комбинација се споменуваат неколку имиња, како актуелниот директор на Градската болница „8 септември“, Синиша Стојановски, но и актуелниот директор на Фондот за здравство, Сашо Клековски. Исто така,  се врти и името на директорот на Ургентен центар, Игор Мерџановски.

“Фокус” на оваа тема побара коментар и од Клековски, кој рече дека слушнал нешто, но таа одлука ја носат други.

“Не можам ниту да потврдам, ниту да демантирам”, истакна Клековски.

Поранешниот „независен“ политички аналитичар долго време и прв човек на невладината МЦМС со устоличувањето на Мицковски за премиер стана „зависен“ односно функционер на ВМРО ДПМНЕ и прв човек на Фондот за здравство. По две години има многу шанси да стане министеер но одлукаа како и за се друго до државата ја носи премиерот Мицковски кој важи за близок приијате со Клековски.

Клековски има завршено медицински факултет но никогаш не работел на професијата за која се школувал. Покрај во МЦМС се бавел со угостителство (пицерија) а сега како директор со Фондот за здравство е и сопственик на позната винарија и активно се бави и со тој бизнис.

Во ресорот Здравство покај тоа што се вртат милионски сум атрактвен е особено пред избори заради можноста од многу вработувања.

Back to top button
Close