Клековски за докторот кој Мицковски го „жигоса“ дека за еден месец земал 12.000 евра плата: Во основа работел човекот!
Директорот на ФЗО, Сашо Клековски на денешниот брифинг со новинарите појасни дека парите кои си ги допишувале како додатна работа и дежурство ги вратиле доктори – директори актуелни или поранешни, но овде не станува збор за примерите беа изнесени во јавноста дека лекари од скопските клиники имаат земено месечна плата и до 12.000 евра како што беше случајот со анестезиологот од КАРИЛ за кој пишуваше „Фокус“.

Премиерот Мицковски прв во негативен контекст критикувајќи ги состојбите со платите во здравството како лош пример во неговиот популистички манир кажа дека имало доктори кои си земале илјадници евра месечна плата и дека таквото самоволие требе да се преиспита. Оваа полуинформација на премиерот министерот Алиу одбегна да ја коментира одбивајќи на љубопитната јавност да и каже кој е докторот за кој зборува преиерот.
За директорот на ФЗО , Клековски, тие средства се остварени со дополнителна работа која не е ограничена и теоретски нема злоупотреби.
-Во основа работел човекот – рече Клековски.
Посочи пример и за друга ситуација во јавна здравствена установа надвор од Скопје каде во пресметката на плата се пресметувало по сите можни основи, работа во смена, прекувремена работа, дежурства, но во основа здравствена заштита не им била пружена на луѓето и биле преупатени во Скопје.
– Мора да најдеме начин да го кажеме тоа, никаде нема само добри и лоши примери и мора луѓето да бидат поагилни, но не можеме да плаќаме кога не се работи – рече тој.






