Клековски за Кочани: Државата беше побавна од граѓаните бидејќи мора да следи правни процедури

Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), Сашо Клековски, синоќа во емисијата „Топ Тема“ на Телма ја објасни причината за побавниот одговор на институциите по трагедијата во Кочани. Тој нагласи дека државата не може да реагира исто толку брзо како граѓанскиот сектор, бидејќи секоја интервенција мора да помине низ строго утврдени процедури.

„Државата е побавна затоа што мора да следи правила и правни процедури. Секој чекор мора да биде во согласност со законот – од јавни набавки, до лиценци и сертификати. Брзањето некогаш може да предизвика проблеми, па затоа институциите се внимателни“, рече Клековски.

Тој истакна дека речиси целата организација на помошта за повредените, како и реконструкцијата на болничките капацитети, е резултат на институционален ангажман. Иако граѓанските иницијативи се добредојдени и вредни, Клековски нагласи дека најголемиот дел од логистиката и грижата доаѓа од државата преку разни институции

Back to top button
Close